понедељак, 27. октобар 2008.

Потекло на името Македонија

Постојат најразлични толкувања за потеклото на името „Македонија“. Македонскиот народ се нарекува себеси „Македонци“ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ.
Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои среднобалкански народи и племиња, меѓу кои се вбројуваат: Бригите (Фригите), Енетите (Венетите), Пајонците, Пелагонците и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанската војна се отселува во Мала Азијa. Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик). Ова мислење го застапува и проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот.
Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор и археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците. До 700 п.н.е. Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините беше уште непознато за Македонците. Некаде околу 700 п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид. Филип ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 п.н.е..“. „Она што нѐ интересира денес“ – продолжува проф. Пецас е „дека Македонците ѝ го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја. Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим Македонија”.

Географија


Македонија го зафаќа средишниот дел на Балканскиот полуостров, односно просторот што на север е ограден со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското море до утоката на реката Места, на запад со билата на планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, додека пак на исток е оградена со западните падини на планините Родопи. Територијата истотака се совпаѓа со басенот што се простира од (од запад кон исток) реките Бистрица, Вардар и Струма (од кои Вардар наводнува далеку најголема површина) и рамнините околу Солун и Сер.
Македонија има карактеристичен релјеф кој во најголем дел е составен од планини кои припаѓаат на старите грамадни планини на родопската група и младите верижни планини на шарската група. На територијата на Македонија се застапени и голем број на котлини особено во средишниот и западниот дел, а има повеќе природни езера како Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Дојранско Езеро, Островско Езеро, Петерско Езеро, Костурско Езеро, Лагадинско Езеро, Бешичко Езеро и др.

понедељак, 20. октобар 2008.










Химната на Македонија

Денес над Македонија е национална химна на Република Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1943 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија. Со текот времето текстот на химната доживувал разни дополнувања по што денес се познати две нејзини верзии. Во однос на првичниот текст од 1943 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев. Текст на Македонски јазик Ноти Денес над Македонија Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата! Македонците се борат, за своите правдини! Македонците се борат, за своите правдини! Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански! Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна, слободнo живее! Македонија слободна, слободнo живее!

Сегашната Република Македонија


Република Македонија е европска држава во централниот дел на Балканскиот Полуостров со главен град Скопје. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на Македонија. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција.

Историја на Македонија

Во 6 и 7 век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото локално население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите превземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.
Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, истотака, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела во повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со нивното создавање на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната работа и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни центри на Балканот, лулка на словенската писменост. Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како реакција на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и во цела Европа.
Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.
До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а истотака бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија.

Историјата на македонскиот народ

Историјата на македонскиот народ или воопшто на историја на човековото живеење и присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од први организирани човечки населби во Македонија датираат од новото камено време (неолитот). Прва државна организација на територијата на Македонија е Античко-македонското кралство основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од страна на првиот македонски крал Каран, кое доживеало најголем подем во времето на владеењето на македонските кралеви Филип II Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 - 323 г.п.н.е) од династијата Аргеади. Со доаѓањето и населувањето на словенските племиња во VI век, и нивното мешање со староседелското античко македонско население, конечно во X и XI век се формира ликот на современиот македонски народ, кој се до денес суштествува како мнозински на територијата на Македонија и зазема најзначаен дел од разните економски, политички, демографски, историски и други процеси во Македонија. Историјата на македонскиот народ или воопшто на историја на човековото живеење и присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Најстарите пронајдоци од први организирани човечки населби во Македонија датираат од новото камено време (неолитот). Прва државна организација на територијата на Македонија е Античко-македонското кралство основано во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.) од страна на првиот македонски крал Каран, кое доживеало најголем подем во времето на владеењето на македонските кралеви Филип II Македонски (359 - 336 г.п.н.е.) и Александар III Македонски (336 - 323 г.п.н.е) од династијата Аргеади. Со доаѓањето и населувањето на словенските племиња во VI век, и нивното мешање со староседелското античко македонско население, конечно во X и XI век се формира ликот на современиот македонски народ, кој се до денес суштествува како мнозински на територијата на Македонија и зазема најзначаен дел од разните економски, политички, демографски, историски и други процеси во Македонија.